Џорџ Клуни беше почестен со престижната награда за Животно дело на Американскиот филмски институт. На 57-годишниот актер му беше врачена наградата за време на гала во Лос Анџелес.
Холивудскиот шармер беше придружуван од сопругата Амал, која блескаше во нежен фустан од Прада.
40-годишната адвокатка со бакнеж го награди Џорџ пред тој да се качи на сцената.
Таткото на Џорџ, Ник Клуни, му ја додели наградата.
Амал одржа емотивен говор за својот сакан, во кој за првпат зборуваше за нивните мали близначиња Ела и Александар.
„Го запознав Џорџ кога имав 35 години и веќе бев помирена со идејата дека ќе останам стара мома. Потоа се сретнавме и започнавме да се криеме во мојот апартман во Лондон и набрзо почувствував дека, без разлика што ќе се случи, не би сакала да бидам со никој друг.“
„Не можев да спијам кога бевме разделени и ми кажуваа дека се насмевнувам на посебен начин кога ќе ги читам неговите пораки или писменцата кои тој ќе ги скриеше во мојата чанта. Пет години подоцна, ништо од тоа не е променето. Тој е личноста на која потполно ѝ се восхитувам и личноста од чија насмевка секојпат се топам.“
„Љубов моја, тоа што го најдов со тебе е големата љубов која отсекогаш се надевав дека постои. Најголемата радост во животот ми е кога те гледам со нашите деца, Ела и Александар. Ти го исполнуваш нашиот дом со смеа и среќа. Се гордеам со тебе љубов моја. Ти честитам за големата чест која ја добиваш вечерва. Горда сум на тебе, но исто така знам дека и нашите деца ќе се гордеат кога ќе дознаат, не само што имаш постигнато, туку и кој си“ – рече Амал во својот говор.
Here a portion of Amal’s AFI speech to George (the teary part) #AFILife #georgeclooney pic.twitter.com/Rosz0CrjDr
— Andrea Mandell (@AndreaMandell) June 8, 2018