Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит беше фотографирана пред студиото за танци во Лос Анџелес кое го посетува.
18-годишната Шајло уживаше и се смееше додека разговараше со своите пријатели и пријателки, а папараците не пропуштија да ги „уловат“ тие моменти.
На фотографиите, Шајло има фризура со плетенки која многумина ги потсети на Анџелина во филмот „Tomb Raider“, а бројни беа и коментарите за нејзината сличност со татко ѝ.









Шајло е прво од трите биолошки деца на Џоли и Пит. Тие имаат и три посвоени деца.
Анџелина поднесе барање за развод од Пит во 2016 година.
