Андријана Јаневска имаше „еден од најтешките настапи во својата кариера“.
43-годишната македонска пејачка ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од ДНК на концерт во Битола и ја трогна целата публика.
Концертот „Засекогаш во срцата“ на Камерниот оркестар на Битола се одржува традиционално секоја година во чест на Тоше Проески, но оваа година, оркестарот одлучи да го посвети и на жртвите во трагедијата во Кочани.
Погледнете ја изведбата на Јаневска која беше придружувана и од Благојче Трајковски на кларинет:
Музичарите од Камерен оркестар на Битола и Центарот за култура Битола одлучија дел од средствата наменети за нив да ги донираат за помош на Кочани.
