Ирина Шајк од првиот ред ја проследи ревијата „White Cabaret“ на Intimissimi во Верона.
33-годишната Русинка, која веќе неколку години е заштитно лице на брендот, изгледаше атрактивно во црна комбинација со чизми над колената.
Својот изглед таа го зачини со мала бела чантичка.
На ревијата, покрај Ирина седеа Сара Џесика Паркер и италијанската блогерка Кијара Ферањи, кои исто така имаат долга соработка со познатиот бренд за долна облека.