И покрај тоа што ставија крај на врската пред четири години, Ирина Шајк и Бредли Купер продолжија да негуваат близок однос за доброто на нивната ќеркичка Леа.
37-годишниот модел и 48-годишниот актер изминатиов викенд уживаа на брод додека ја разгледуваа Венеција заедно со 6-годишното девојче. Поранешните партнери се смееја и изгледаа пријателски расположени.
Бредли ѝ помагаше на Ирина безбедно да се качи на бродот, бидејќи носеше високи потпетици.
Ирина и Бредли започнаа да се состануваат во пролетта 2015 година, а се разделија во јуни 2019 година. Оттогаш наваму тие многупати се фотографирани заедно.
Периодов се шират гласини дека Ирина е во врска со Том Брејди.