Ирина Шајк му ја даде сета своја поддршка на Бредли Купер, кој, за жал, синоќа не успеа да се закити со Златен глобус.
На церемонијата во Лос Анџелес, славниот актер и режисер беше номиниран во две категории – Најдобар актер и Најдобар режисер за „A Star Is Born“, но не се закити со ниту една статуетка.
На црвениот тепих, 33-годишната манекенка и 44-годишниот актер имаа сладок момент кој ги привлече објективите на фоторепортерите.
Убавата Русинка изгледаше заводливо во златна креација од Версаче, додека Купер се појави во бело одело. Ирина за првпат ја покажа и својата нова пократка „боб“ фризура.
Парот, кој ретко се појавува заедно на јавни настани, има една ќеркичка.