Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бившата на Кевин Костнер се вери со неговиот поранешен пријател една година по разводот

Бившата на Кевин Костнер се вери со неговиот поранешен пријател една година по разводот

Кристин Баумгартнер повторно го кажа судбоносното ДА. Овој пат таа се вери со поранешниот пријател на нејзиниот бивши сопруг Кевин Костнер.

Само 11 месеци по финализирањето на нивниот развод, 50-годишната дизајнерка го прифати предлогот за брак на Џош Конор. Оваа информација ја потврди извор близок до парот за People.

Кристин Баумгартнер Кристин Баумгартнер

Запросувањето било на 26 јануари, а Кристин воопшто не го очекувала тоа.

„Започнуваше да врне, па речиси никој друг немаше на плажата кога Џош клекна на колено“ – рекол изворот.

Оние кои добро го познаваат парот воопшто не се изненадени со нивната веридба.

„Тие го поминаа Божиќ заедно во Њујорк, каде што започна сè. Двајцата се пресреќни и возбудени за нивната заедничка иднина“ – рекол нивен пријател.

Кристин Баумгартнер

Шпекулациите дека Кристин и Џош се во врска започнаа да се шират уште во јули 2023 година, кога тие беа фотографирани заедно на плажа на Хаваи само два месеци по нејзината разделба со Костнер.

Кристин Баумгартнер Кристин Баумгартнер Кристин Баумгартнер Кристин Баумгартнер

Пред да се разведат, Кристин и Кевин беа во брак 18 години и заедно имаат три деца врз кои сега имаат заедничко старателство. Џош беше нивен сосед и пријател на парот, кој исто така е разведен и има три деца. Наводно, Кевин се сомневал дека има нешто повеќе од пријателство меѓу Кристин и Џош.

Врската меѓу нив беше потврдена во јануари минатата година.

Кристин Баумгартнер Кристин Баумгартнер Кристин Баумгартнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22190 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.