Принцезата Беатрис и Едоардо Мапели Моци го добија второто дете.
Британското кралско семејство објави дека принцезата Беатрис се породи пред една недела, на 22 јануари, а на свет ја донесе својата ќерка Атина. Заедно со соопштението беше објавена и првата фотографија од новороденчето.

„Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и господин Едоардо Мапели Моци со задоволство го објавуваат безбедното пристигнување на нивната ќерка, Атина Елизабет Роуз Мапели Моци, родена во среда, 22 јануари, во 12:57 попладне“ – стои во објавата.

Ова е второ дете на кралскиот пар кој стапи во брак во јули 2020 година. Нивната прва ќерка Сиена се роди на 18 септември 2021 година. Едоардо има и син од претходна врска.






