Viva la Vida! „Bebe“ плени со ведра модна кампања која го доловува духот на авантурата. Егзотичните и сензуални креации од колекцијата пролет 2015 се презентирани од Ирина Шајк и Даниела Брага.
Тропската палета која вклучува корални, тиркизни и жолти нијанси, динамичните принтови и сексапилните силуети целат да ги привлечат „самоуверените, женствени и модерни“ припаднички на понежниот пол.
Дел од фотографиите се посветени на фестивалската мода, односно на модернизиран хипи стил.