Почетна » Новости » Актуелно » За осуда: Татко го чисти снегот со 3-месечното бебенце

За осуда: Татко го чисти снегот со 3-месечното бебенце

Вознемирувачко видео стана вирално откако беше објавено на TikTok, а набрзо беше избришано.

Во него, татко од Тексас го чисти снегот од автомобилот користејќи го своето тримесечно бебенце. 26-годишниот маж бил уапсен и моментално се води истрага за овој инцидент.

Татко и син

Според информациите, бебенцето е во добра состојба.

Видео:

Полицијата и службите за заштита на децата моментално се обидуваат да откријат што точно се случило, а во меѓувреме шерифот Дурисо потврдил дека станува збор за 3-месечно бебенце.

„Ова е тажна ситуација. Знам дека многу луѓе се желни за лајкови и кликови на социјалните мрежи, но тоа не значи да го ставаш бебето на шофершајбна“ – рекол тој.

Многумина коментираат дека станува збор за кукла, но во еден момент од видеото се гледа дека бебето ја мрда ногата. На крајот, таткото го зема в раце малото синче и се смее, додека тоа е целото покриено со снег.

Татко и син Татко и син Татко и син

„Не можев да им поверувам на очите кога го видов овој идиот како го прави тоа. Тој не треба да биде во близина на дете“, „Тоа е ужасно и оние кои мислат дека ова е смешно на каков било начин се болни во мозокот“, „Без сомнение е бебе. Можете да го забележите тоа врз основа на тоа колку многу сила му треба за да го турка по стаклото“ и „Се надевам дека ова бебе ќе им биде одземено на родителите. Драго ми е што не е повредено“ – се дел од коментарите на интернет.

Изминатиот период на социјалните мрежи се вртеа слични видеа. Едно лице го користеше помалото братче за да го исчисти автомобилот, додека друг ја искористи својата девојка.

@whistle Why did he do him like that (kennedymartinez4/TT) #snow #winter #funny #foryou #foryoupage ♬ Oh No - Kreepa

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.