Надја Сулеман имаше одличен повод за славење.
49-годишната Американка, позната како „Октомајка“, го одбележа 16-тиот роденден на нејзината осумка. Таа објави фотографија од пораснатите Ноа, Исаија, Нарија, Малија, Џеремаја, Џосија, Џона и Макаи, а во описот напиша:
„Среќен сладок 16-ти роденден на Ноа, Исаија, Нарија, Малија, Џеремаја, Џосија, Џона и Макаи! Вие сте сакани и ценети повеќе отколку што може да се опише со зборови! Многу сум благословена што ве имам сите во мојот живот и возбудена и благодарна сум за патувањето кое ќе го имаме. Бог ве сакаше и ве штитеше сите вас во изминатите 16 години и има одлични планови за секој од вас! Ќе ве сакам засекогаш и додека сум жива, вие ќе бидете мои бебиња“.
Сулеман веќе имаше шест деца кога ја роди својата осумка пред 16 години. Осумте бебиња беа зачнати со инвитро. Таа денес има 10 сина и 4 ќерки, а неодамна стана баба и доби внука од синот Џошуа.