Позитано е дестинацијата која е обожавана од многу славни личности и богаташи, меѓу кои и Ирина Шајк и Бредли Купер. Славниот пар уште од стартот на врската го избира крајбрежјето Амалфи за романтични одмори, па и годинава одлучи да се релаксира на прекрасните плажи во овој регион.
32-годишниот модел и 43-годишниот актер беа фотографирани додека се капеа во тиркизните води и се опуштаа на лежалки.
Популарната двојка летуваше во Италија и пред три години, пред да ја добие ќерката Леа.