Туба Бујукустун ја прифати поканата да присуствува на ревијата на Жорж Хобеика во Париз.
Ѕвездата од „Аси“ од првиот ред го следеше презентирањето на колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето на либанската модна куќа.
42-годишната турска актерка шармираше во креација со цветови создадена токму од либанскиот дизајнер. За својот изглед, таа доби море од комплименти.
Туба присуствуваше и на модното шоу на Ели Сааб. За таа пригода, Бујукустун избра црна модна комбинација со високи чизми над колената.