Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош на 26-годишен татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата

Апел за помош на 26-годишен татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата

Да го отвориме срцето и да му помогнеме на Виктор Николоски кој се бори за својот живот.

26-годишниот татко на четиримесечно бебенце боледува од тумор на главата и денес заминува на итна операција во Турција.

Виктор Николоски

Неговата сопруга Александра замолува за помош, бидејќи средствата кои се потребни за операцијата и лекувањето се големи и не можат да ги обезбедат сами.

Броеви за донации:

Телеком: 143 129

А1: 143 467

Трансакциска сметка:

270700089618928

Халкбанк АД Скопје

ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ

Еве ја целосната порака на сопругата на Виктор, во апелот кој е објавен на платформата на фондацијата Павел Андреев:

Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Од срце, Ви благодараме!
Александра Николоска (сопруга на Виктор)

Виктор Николоски Виктор Николоски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 22176 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.