Сем Рибер на уникатен начин ја побара раката на својата сакана.
Креативниот дечко пресоздаде сцена од филмот „Wedding Singer“ и ја изненади својата девојка Лиси за време на нивниот авионски лет.
Тој со помош на стјуардесите испрати порака за Лиси и започна да ја пее песната која Адам Сендлер ја изведува во романтичната комедија.
Додека Лиси гледаше со неверување мислејќи дека ова е само роденденско изненадување, Сем клекна на колено и ѝ предложи брак.
Пресреќната девојка веднаш одговори „ДА“.
Видеа:
„Беше толку специјален момент. Речиси не можев да поверувам дека сè излезе во ред“ – изјавил идниот младоженец.