Ана Курникова доживеа повреда на ногата. Поранешната тенисерка беше фотографирана од папараците во инвалидска количка и со ортопедско помагало на ногата.
43-годишната Русинка беше во друштво на пријателки и двете ќеркички кои ги има со Енрике Иглесијас.
Слатките Луси и Мери носеа исти чизмички.
Луси има седум години, додека Мери сега ќе го слави четвртиот роденден. Ана и Енрике имаат и синче Николас, кој е близнак со Луси.
Ана и Енрике започнаа да се состануваат во 2001 година откако Ана се појави во спотот на Енрике за песната „Escape“. Голем дел од приватниот живот тие го чуваат подалеку од будното око на медиумите.