Коронакризата го промени нашиот живот во секој можен аспект и нè исполни со многу грижи за неизвесната иднина.
Дефинитивно сите родители се исполнети со недоумици и стравови за претстојната учебна година. Дали таа ќе започне со деца во школските клупи? Дали децата повторно ќе бидат принудени да учат од дома? Дали ќе носат маски на училиште? Како сето ова ќе влијае на нивното ментално здравје?
Ники Пенингтон напиша текст во кој се пронајдоа многу мајки и татковци, бидејќи реално ги опишува дилемите на родителите и им покажува дека не се сами во нивните грижи.
Ништо што ќе изберам не ми изгледа правилно.
Училиштето не ми изгледа правилно.
Учењето дома не ми изгледа правилно.
Виртуелното учење не ми изгледа правилно.
Хибридното учење не ми изгледа правилно.
Одложувањето на учебната година не ми изгледа правилно.
Започнувањето на учебната година не ми изгледа правилно.
Мерењето на температурата не ми изгледа правилно.
Моите деца да носат маска на училиште не ми изгледа правилно.
Да треба да избирам меѓу здравјето на моите деца и образованието не ми изгледа правилно.
Грижењето дали ќе ги испратам во училиште каде што сè не само што изгледа различно, туку и чувството е различно, не ми изгледа правилно.
Грижењето дека одењето на училиште со маска и постојаното мерење на температурата на некој начин ќе влијае на нивното ментално здравје во иднина не ми изгледа правилно.
Грижењето дека тие може да видат соученик или учител како се разболува и да се грижат дали таа личност некогаш ќе се врати не ми изгледа правилно.
Како родители не само што размислуваме за претстојната учебна година, туку и се грижиме како ова ќе влијае на здравјето на нашите деца и на нивното ментално здравје сега и во иднина, бидејќи тие две нешта се еднакво важни.
Бидејќи вистината е дека што и да изберам оваа година, нема да ми изгледа правилно. Единственото кое ми изгледа правилно е училиштето да се врати онака како што беше минатата година пред сето ова да се појави.