Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 21 оздравен пациент, 8 новозаболени и 1 смртен случај од коронавирус кај нас

Нова состојба: 21 оздравен пациент, 8 новозаболени и 1 смртен случај од коронавирус кај нас

Според најновите информации од Министерството за здравство денес Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент.

Излекуваните лица се од Скопје (8), Куманово (6), Штип (1), Прилеп (2), Тетово (1), Велес (1), Кочани (1) и Македонски Брод (1).

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (3), Битола (1) и Велес (4).

Коронавирус тест

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Согласно ова вкупната бројка на заболени од коронавирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје – 515
  • Куманово – 401
  • Дебар – 51
  • Штип-34
  • Прилеп –159
  • Тетово – 90
  • Струга – 67
  • Велес – 81
  • Битола –19
  • Охрид –15
  • Кавадарци – 5
  • Гостивар –17
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка-5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 31
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод -2
  • Пехчево- 2
  • Делчево-1
  • Валандово -1
  • Виница – 2
  • Кратово-1
Коронавирус тест

Направените 185 теста се преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен ф-тет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –27, Систина со PCR метода -17 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на КОВИД-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.