Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.728 тестирања, а има 1.056 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 590
- Битола 57
- Прилеп 42
- Велес 36
- Кавадарци 35
- Куманово 34
- Охрид 30
- Тетово 28
- Струмица 21
- Гостивар 19
- Неготино 18
- Струга и Кичево по 16
- Штип, Кочани, Гевгелија и Берово по 13
- Делчево 9
- Свети Николе 8
- Радовиш и Пробиштип по 7
- Кратово 6
- Крива Паланка и Ресен по 5
- Валандово и Демир Капија по 4
- Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2
- Пехчево 1
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 до 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, по 4 од Прилеп и Битола, 3 од Кавадарци, и по еден од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.
Регистрирани се 727 оздравени пациенти од:
- Скопје 457
- Прилеп 58
- Куманово 27
- Гевгелија 26
- Гостивар 22
- Тетово и Струмица по 21
- Велес 17
- Штип 13
- Битола и Кочани по 12
- Крива Паланка 8
- Кичево, Ресен и Богданци по 5
- Валандово 4
- Пробиштип 3
- Радовиш, Крушево и Пехчево по 2
- Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.