Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.654 тестирања, а има 1.037 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 386
- Тетово – 110
- Гостивар – 73
- Куманово – 60
- Струмица – 57
- Струга – 50
- Кичево – 43
- Охрид – 35
- Дебар - 32
- Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21
- Свети Николе – 18
- Битола – 17
- Штип -14
- Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9
- Кочани – 8
- Неготино и Пробиштип – по 7
- Ресен и Крива Паланка – по 6
- Делчево и Кратово – по 5
- Крушево – 4
- Македонски Брод – 2
- Берово и Богданци – по 1
Пријавени се 36 починати лица: 11 од Скопје (76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г), 8 од Тетово (85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г), по 3 од Кичево (72г, 68г, 56г) и Струмица (71г, 65г, 57г), по 2 од Куманово (74г, 68г) и Струга (72г, 67г) и по едно од Гостивар (53г), Ресен (24г), Дебар (54г), Кочани (79г), Велес (62г), Валандово (58г) и Македонски Брод (63г). Од нив, 35 се починати во болнички и едно лице во домашни услови.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од:
- Скопје – 123
- Гостивар – 106
- Тетово – 85
- Куманово – 37
- Струмица – 30
- Кичево – 25
- Охрид – 21
- Струга – 18
- Битола – 11
- Кавадарци и Ресен - по 9
- Штип – 8
- Кочани и Дебар – по 7
- Радовиш, Берово и Кратово – по 6
- Виница – 5
- Прилеп – 4
- Велес и Свети Николе – по 3
- Пехчево – 2
- Валандово, Делчево и Пробиштип – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 173.689, бројката на оздравени пациенти е 154.174, на починати е 5.818, а бројот на активни случаи изнесува 13.697.