Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.948 тестирања, а има 1.272 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 619
- Битола 75
- Прилеп 65
- Куманово 61
- Тетово 50
- Кавадарци 40
- Велес 39
- Охрид 34
- Штип 32
- Струмица и Струга по 23
- Кочани 22
- Кичево и Берово по 21
- Гостивар 19
- Неготино 18
- Крива Паланка 17
- Гевгелија 15
- Валандово 11
- Ресен 10
- Радовиш 9
- Свети Николе, Пробиштип и Виница по 8
- Делчево 5
- Демир Капија, Кратово и Пехчево по 4
- Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2
- Крушево 1
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 од Скопје (34г, 45г, 59г, 62г, 65г, 72г, 73г, 75г, 78г, 79г, 80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г).
Регистрирани се 868 оздравени пациенти од:
- Скопје 421
- Охрид 55
- Куманово 50
- Прилеп 46
- Велес 35
- Кавадарци 27
- Неготино и Гевгелија по 25
- Штип и Струмица по 20
- Битола 19
- Гостивар 17
- Тетово и Струга по 16
- Кичево 14
- Кочани и Радовиш по 12
- Берово 7
- Кратово 5
- Крива Паланка и Крушево по 4
- Ресен и Пробиштип по 3
- Валандово, Свети Николе, Виница, Делчево и Богданци по 2
- Демир Капија и Македонска Каменица по 1
Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.