Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 8 навики за кои можеби не знаете дека му штетат на срцето

8 навики за кои можеби не знаете дека му штетат на срцето

Срцето е најважниот мускул во нашето тело – неговото движење живот значи. Иако на сите ни е кристално јасно дека не треба да правиме компромис кога станува збор за здравјето на срцето, сепак има некои лоши навики кои ги чуваме во нашите животи, бидејќи не сме свесни дека му штетат на овој витален орган.

Сигурно сте слушнале дека пушењето, прекумерното консумирање алкохол, стресот, напредната возраст и фамилијарната историја се ризик фактори за појавата на кардиоваскуларни заболувања, но можеби не знаете дека следниве навики влијаат лошо врз работата на срцето:

Навики штетни за срцетоНавики штетни за срцетоНавики штетни за срцетоНавики штетни за срцетоНавики штетни за срцетоНавики штетни за срцетоНавики штетни за срцетоНавики штетни за срцето

Не ги чистите забите со конец за заби

Можеби ќе се изненадите, но добрата орална хигиена не само што ви помага да го зачувате здравјето на забите и непцата, туку и го заштитува срцето. Ризикот од срцеви заболувања кај лицата со болести на непцата е двојно поголем отколку кај лицата со здрави непца.

Покрај четката, и конецот за заби треба да го прифатите како задолжителен дел од денталната хигиена.

Ја гледате чашата како половина празна, а не како половина полна

Оптимистичкиот поглед кон животот не само што ви ја подобрува менталната состојба, туку и може да ве заштити од срцеви болести. За разлика од оптимистите, песимистите почесто страдаат од висок крвен притисок, високо ниво на холестерол и депресија и се посклони кон дебелеење.

Смејте се почесто и секогаш гледајте на светлата страна на животот.

Обожавате пресолена храна

Не сте го ни пробале јадењето, а веќе трагате по соларникот на масата? За многумина солената храна е повкусна, но солта е огромен непријател на здравјето. Солта внесена во организмот води до зголемување на крвниот притисок, што може да резултира со оштетување на артериите и зголемување на ризикот од мозочен и срцев удар. Контролирајте се при посолувањето на храната. Преферирајте други зачини, пред опасната сол.

Максималното количество сол кое возрасно лице би можело да го внесува преку исхраната е околу 6 грама или една мала лажичка. Преработената храна често содржи многу сол, па не заборавајте да ги читате етикетите на производите.

Водите повлечен живот

Претпочитате времето да го минувате сами наместо да ги одржувате вашите друштвени контакти? Можеби е подобро да им се придружите на пријателите на следниот собир. Осаменоста може да ви го скрши срцето. Луѓето кои немаат цврста мрежа од пријатели и роднини и кои чувствуваат дека нема на кого да се потпрат во стресни ситуации се изложени на поголем ризик од појава на срцеви болести.

Кој би помислил дека толку забавна активност како дружењето има толку силно влијание врз нашето срце?

Барем неколку часа дневно ги минувате пред телевизорот

Можеби неколкучасовните ТВ маратони ви делуваат како забавна опција за пополнување на слободното време, но факт е дека долгите периоди кое ги минувате паркирани пред ТВ приемник се штетни за вашето срце. Седењето со часови го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, дури и ако вежбате редовно, затоа што недостигот на движење влијае врз нивото на масти и шеќер во крвта.

Движете се повеќе, а ако имате канцелариска работа која вклучува седење, користете ја секоја прилика за да станете и да се размрдате.

Спиете премалку или премногу

Спиете премалку во текот на работната седмица, а потоа се обидувате да надополните за време на викендите? Треба да знаете дека оваа навика му штети на срцето.

Избирањето на една од двете екстремности – спиење помалку од пет или повеќе од девет часа во текот на ноќта – е рецепт за висок крвен притисок и зголемување на нивото на стрес хормон во организмот, коешто води до срцеви болести.

Вежбате интензивно

Никој не може да ги оспори придобивките од умереното вежбање за нашето здравје, но екстремното вежбање може да влијае врз здравјето на срцето. Интензивните тренинзи типични за атлетичарите и долгите натпревари се поврзуваат со оштетување на срцето и со абнормалности во срцевиот ритам. Според експертите, не се препорачува тренинзите да траат подолго од еден час.

Особено штетна е навиката „викенд-вежбање“ на лица кои се пасивни во текот на работната седмица, а го користат викендот за интензивни тренинзи до истоштување.

Не се ограничувате при консумирањето на црвено месо

Факт е дека лицата кои консумираат премногу црвено месо страдаат од покачено ниво на лош холестерол и имаат зголемен ризик од срцеви заболувања. Ризикот е дополнително зголемен при честа консумација на преработено месо како колбаси, паштети или виршли.

Најдобро е да го ограничите консумирањето на црвено месо на 70-90 грама дневно. Доколку обожавате месо, многу поздрав избор е белото месо и рибата, отколку свинското и говедското месо, кои содржат многу повеќе заситени масти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20931 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.