Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Врчак за Андреј од ДНК: „Во душата ми е Андреј, тој секогаш ќе е жив во нас“

Врчак за Андреј од ДНК: „Во душата ми е Андреј, тој секогаш ќе е жив во нас“

Раде Врчаковски – Врчак не може да го преболи својот пријател Андреј Ѓорѓиески, кој го загуби својот живот спасувајќи други лица во пожарот во Кочани.

Во емотивен Facebook пост, македонскиот рапер се наврати на последните заеднички настапи со членовите на ДНК, Андреј и Панчо, додавајќи дека Андреј секогаш ќе живее во неговата душа.

„Јас и Андреј (на првиот мој настап 2025). Да е вечен низ бесконечноста Андреј… Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велат DNK кога имале настапи, сите луѓе цело време ме барале – дури и со солзи и плачења. Јас им велев да завршам со сè за во Америка и може нешто да направиме.“

„Не можев да го одбијам Владимир и настапив на неговиот роденден лани со DNK во Охрид, не можев да ги одбијам и за новогодишната прослава и не можев како другар да ги одбијам за затварање на Станица 26 каде Панчо работел (велам не ме ставајте во реклама да не случајно стане ептен хаос и доаѓам)… Тоа беа моите последни настапи со Aнедеј. Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас…“ – напиша Раде.

Музичарот сподели и колаж со фотографии со Андреј.

„Јас и Андреј (Врчак и DNK, мал споменоплов од минатите неколку години во чест на Андреј)…“ – напиша тој.

Врчак вчера сподели и дека со покојниот пејач снимале заедничка песна неколку дена пред трагедијата во дискотеката „Пулс“.

„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, не можев ни на Facebook да гледам ништо… Уште не можам, уште закрепнувам, ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине - кога му го слушнав гласот, ме врати во живот. Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“ – стои во неговата објава.

Врчак и Андреј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24796 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.