Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 7 храни за здраво срце

7 храни за здраво срце

ГрејпфрутОревиЛососЈаболкоОвесБело виноЦрвен грав

Грејпфрут

Грејпфрутот е богат со антиоксиданси и растворливи влакна, кои помагаат во заштитата од срцеви заболувања. Затоа, јадете половина грејпфрут 3-4 пати неделно.

Плодови со јатка и семки

Бадемите, семето од лен, ф’стаците, сусамот и семките од сончоглед го редуцираат лошиот (ЛДЛ) холестерол. Оревите ги намалуваат триглицеридите.

Поради тоа, консумирајте по половина шака дневно од овие плодови и семки за ужина.

Мрсна риба

Омега-3 масните киселини присутни во мрсната риба ги намалуваат триглицеридите и лошиот холестерол. Јадете риба два пати неделно. Најдобро е да консумирате лосос, туна, сардини или херинга.

Јаболка

Истражувањата покажуваат дека јадењето јаболка или пиењето на јаболков сок го намалува лошиот холестерол во телото. Јаболката се идеалната ужина.

Не лупете ја лушпата на јаболкото. Во неа има многу антиоксиданси и растителни влакна, кои му се потребни на телото.

Овесни трици

Растителните влакна кои ги има во овесните трици се врзуваат со киселините во тенките црева и го спречуваат повторното апсорбирање на холестеролот.

За појадок измешајте ½ чаша овесни трици со 1 чаша немасно млеко.

Бело вино

Фитохемикалиите, кои ги има во белото вино, го покачуваат нивото на добар холестерол во организмот, а антиоксидансите ги заштитуваат коронарните артерии од оштетувањата, предизвикани од слободните радикали.

Пијте една до два чаши вино дневно, но не повеќе. Грозјето е добар извор и на полифеноли.

Мешунки

Мешунките го смалуваат лошиот холестерол (ЛДЛ) и го намалуваат ризикот од срцеви и артериски болести.

Сојата е позната уште и како чистач на артериите. Вклучете ги мешунките во вашето секојдневно мени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.