Почетна » Новости » Истражувања » Грозјето ги намалува срцевите болести и дијабетесот

Грозјето ги намалува срцевите болести и дијабетесот

Уште од одамна е познато дека грозјето е извонредно овошје кое без исклучок треба да се консумира од секого.

Научниците тврдат дека тоа го намалува крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и ги намалува другите фактори кои придонесуваат за развивање на срцеви болести.

Американски истражувачи откриле дека причина за тие позитивни ефекти на грозјето се фитохемикалиите (природни антиоксиданси) кои ги има во него. Како резултат на тестирања со животни, тие откриле дека исхраната богата со грозје го спречува развивањето на метаболички синдром, кој често е предвесник на дијабетес тип 2.

ГрозјеГрозјето е многу корисно за здравјето.

После тримесечни тестирања на стаорци, истражувачите заклучиле дека исхраната во која е вклучено грозје го намалува крвниот притисок, ги намалува воспалителните процеси во срцето и крвта и го стимулира правилното функционирање на срцето.

Иако се потребни повеќе истражувања во оваа област, затоа што резултатите од истражувањата со животни не може секогаш да се применуваат и кај луѓето, научниците сметаат дека храната богата со фитохемикалии (како грозјето) може да биде многу полезна за здравјето.

Тие советуваат луѓето кои сакаат да го снижат крвниот притисок и да го намалат ризикот од дијабетес да јадат здрава храна која не содржи заситени масти, транс масти и холестерол, да одржуваат нормална телесна тежина и да практикуваат редовна физичка активност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20940 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.