Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Реакција на 5-годишно детенце кое дознава дека ќе добие ново срце

ВИДЕО: Реакција на 5-годишно детенце кое дознава дека ќе добие ново срце

Реакцијата на детенце со срцева болест, кога родителите ќе му соопштат дека ќе добие ново срце, ќе ви разбуди бура од емоции.

Во видеото, 5-годишниот Ари Шулц дознава дека набрзо ќе му биде направена операција за трансплантација на срце откако претходно 211 дена лежеше на болница во Бостон. На Ари му била дијагностицирана аортна стеноза уште додека бил во утробата на мајка си и уште пред да се роди поминал низ две операции.

На почетокот од видеото, мајката и таткото, му објаснуваат на Ари дека во текот на операцијата тој ќе биде под анестезија и дека нема да се сеќава што му се случило.

„Дали тоа значи дека нема да се сеќавам на играњето бејзбол?“ – слатко прашува момчето.

Кога ќе до запрашаат дали се плаши, Ари одговара потврдно, но истовремено признава дека е и возбуден што ќе добие ново срце.

Видео

Ари го доби своето ново срце на 3 март и во моментов закрепнува на болница.

Ари Шулц

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.