Дејвид Бекам со Викторија и двете деца од првиот ред го проследија натпреварот на неговиот тим Интер Мајами и Лос Анџелес.
Силни емоции имаше кај присутните љубители на фудбалот, особено по дадените голови. Но, додека сите лудо се радуваа на двата погодока на Лионел Меси за тимот на Интер Мајами, Викторија „рамнодушно“ гледаше кон теренот. Поради тоа, нејзиниот сопруг Дејвид, кој е еден од сопствениците на Интер Мајами, се пошегува со неа.
49-годишниот поранешен фудбалер сподели фотографија и напиша:
„А велат дека мојата сопруга не е по фудбалот. Како се осмелуваат :)... синоќа, емоциите беа на највисоко ниво на стадионот за најголемиот дел од нас. Те сакам Викторија, знам дека вистински уживаше. Секогаш покрај мене“.

Откако фотографијата стана вирален хит, Викторија му возврати:
„Сè уште се обидувам да ги сфатам правилата“.




Славниот пар беше придружуван од две од своите четири деца. Ромео и Харпер навиваа покрај своите родители и заедно ја славеа победата на тимот на Дејвид.


