Зимските празници се најзабавниот период од годината исполнет со прослави и дружење со семејството и пријателите. Но, за дел од луѓето, тоа е време исполнето со тага, себе преиспитување, осаменост и вознемиреност.
Што ја предизвикува празничната тага?
Тагата е навистина лично чувство. Она што предизвикува тага кај една личност, можеби нема воопшто да влијае на друг. Типични извори на празнична тага може да бидат:
- Стресот
- Заморот
- Нереалните очекувања
- Финансиски проблеми
- Неможноста да се биде со семејството и пријателите.
Балансирањето на листите за купување, одењето или организирањето на забави, семејните обврски и домашните гости може да придонесе за чувство на преоптовареност и зголемена напнатост.
Луѓето кои не се сметаат себеси за депресивни може да развијат реакции на стрес, како што се:
- Главоболки
- Прекумерно пиење
- Прејадување
- Несоница
Други може да доживеат постпразнична тага, по Нова година. Ова може да биде резултат на зголемени очекувања и разочарувања од претходната година, заедно со стрес и замор.
Совети за справување со празничниот стрес и депресија
- Поставете си реални очекувања за празничниот период.
- Поставете си реални цели за следната година.
- Грижете се за себе и преземајте одговорности во склад со сопствените можности.
- Направете листа и дадете приоритет на важните активности. Ова може да помогне во поорганизирано извршување на празничните обврски.
- Бидете реални за тоа што можете, а што не можете да направите.
- Распоредете ја својата енергија, ќе ви треба повеќе од само еден ден (Новогодишната ноќ). Празничните прослави може траат повеќе денови.
- Живејте и уживајте во сегашноста.
- Гледајте во иднината со оптимизам.
- Не се разочарувајте и растажувајте споредувајќи ја сегашноста со „старите добри времиња“ од минатото.
- Ако сте осамени, обидете се да волонтирате или да се приклучите кон некоја група.
- Најдете бесплатни активности за релаксација, како што е гледање празнични филмови, разгледување без купување и следење на времето, без разлика дали има или не снег.
- Ограничете го пиењето, бидејќи прекумерното пиење само ќе ги зголеми вашите чувства на депресија.
- Пробајте нешто ново. Прославете ги празниците на нов начин.
- Поминете време со луѓе кои ве поддржуваат и се грижат за вас.
- Потрудете се и стекнете нови пријатели.
- Најдете време да контактирате со некој одамна изгубен пријател или роднина и раширете празнично расположение.
- Најдете време за себе!
- Оставете и другите да преземат дел од празничните обврските.
- Ограничете ги празничните трошоци. Прекумерното трошење може да доведе до депресија кога сметките ќе пристигнат по завршувањето на празниците. Плаќањето непланирани сметки, колку и да биле мали, може да доведат до дополнителен стрес и депресија.