Ерик Дејн има АЛС.
52-годишниот актер, познат по улогата на д-р Марк Слоун во „Grey’s Anatomy“ (Вовед во анатомија), сподели дека му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза. Тоа е прогресивна, обично смртоносна, невродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните нервни клетки. Таа ја попречува способноста на мозокот да ги контролира движењата на мускулите и тие атрофираат како резултат на неактивност.


„Ми беше дијагностицирана АЛС. Благодарен сум што покрај себе го имам моето грижливо семејство додека навигираме низ ова следно поглавје.“
„Среќен сум што можам да продолжам да работам и со нетрпение чекам да се вратам на сетот на ‘Euphoria’ следната недела. Љубезно ве замолувам да ни дадете приватност мене и на моето семејство во овој период“ – рекол Ерик.

Веста за здравствената состојба на актерот доаѓа еден месец откако неговата сопруга Ребека се откажа од разводот и само еден ден откако таа го нарече „најдобар пријател“ за време на настан.

„Ние сме најдобри пријатели. Многу сме блиски. Ние сме одлични ко-родители. Мислам дека е важно да не се гледа на врските кои завршиле како на неуспех. Бракот беше само сезона, не беше неуспех. Бевме во брак, мислам сè уште сме во брак, но бевме заедно 15 години и имаме две прекрасни деца, па мислам дека тоа е успешна врска“ – рекла таа.
Ребека поднесе документи за развод во 2018 година, но во март 2025 година, таа официјално го повлече тоа барање. Парот стапи во брак во 2004 година и има две ќерки, 15-годишната Били и 13-годишната Џорџија.




