Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Д-р Снежана Бонгард: Белодробна емболија – како да познаете и кога да одите на лекар

Д-р Снежана Бонгард: Белодробна емболија – како да познаете и кога да одите на лекар

Белодробна емболија претставува болест која се карактеризира со згрутчување на крвта кое го блокира, запира протокот на крв во белодробните артерии кои ги снабдуваат белите дробови. Во повеќето случаи, згрутчувањето на крвта започнува во длабока вена на ногата и патува до белите дробови, и тогаш зборуваме за венски тромбемболизам. Но постои белодробна емболија која настанува ин ситу, без претходна длабока венска тромбоза и тогаш најчесто се работи за генетски пореметувања во коагулацијата на крвта.

Бидејќи е можно едно или повеќе згрутчувања да го блокираат протокот на крв во белите дробови, белодробната емболија може да биде опасна по живот. Сепак, навременото дијагностицирање и навремено започнато лекување во голема мера го намалува ризикот од смрт.

Жан Митрев

Како да препознаете дека имате белодробна емболија?

Симптомите на белодробна емболија може да варираат во зависност од тоа колкав дел од вашите бели дробови се засегнати, големината на згрутчувањето и дали имате друга белодробна или срцева болест.

Вообичаените симптоми вклучуваат:

  • Губење здив, задишување – овој симптом обично се појавува ненадејно, присутен е и кога се одмарате и се влошува при физичка активност.
  • Болка во градите – можеби ќе се чувствувате како да имате срцев удар. Болката е често остра и се засилува при длабоко вдишувње, а може и да ве спречи да земете длабок здив. Може болката да ја почувствувате и кога кашлате, се наведнувате или се свиткувате.
  • Несвестица – може да се онесвестите ако ненадејно ви падне пулсот или крвниот притисок. Ова се нарекува синкопа.
Жан Митрев

Други симптоми кои можат да се појават со белодробна емболија вклучуваат:

  • Кашлица која може да вклучува крвава или крвава слуз
  • Брзо или неправилно чукање на срцето
  • Зашеметеност или вртоглавица
  • Прекумерно потење
  • Треска
  • Болка или оток во нозете, или и двете, обично во задниот дел на потколеницата
  • Бледило или модра кожа на лицето, наречена цијаноза

Сите овие симптоми ги среќаваме и кај други заболувања, особено срцеви, заради што може да се случи да бидете несооодветно дијагностицирани и лекувани. А всушност, кога се работи за венски тромбоемболизам, лекувањето е специфично. Затоа, мора да споменеме дека брзото започнување со соодветна, ефикасна антикоагулантна терапија може да овозможи целосно излекување на болеста.

Кога да одите на лекар?

Белодробната емболија е болест која е животозагрозувчка. Побарајте итна медицинска помош ако почувствувате необјаснет губиток на здив или отежнато дишење, болка во градите или несвестица

Кои пациенти се склони кон развој на белодробна тромбоемболија?

Сите оние кои имаат елементи од Вирхофовата тријада: стаза, хиперкогулабилност и повреда на крвниот сад, се склони кон развој на венски тробоемболизам. Оваа состојба може да се појави и како компликација од други различни заболувања на организмот.

Засегнати се старите изнемоштени лица и бремените жени, односно сите оние кои поради друга причина се легнати во кревет, неподвижни, лица кои работат долго во седечка положба (заседнати), обезни и пациенти со разни видови на карцином кои имаат хиперкоагулабилност на крвта, како и луѓе со генетски проблеми на коагулација на крвта.

Дијагностика

Откривањето на белодробна емболија може да биде тешко, особено доколку имате други заболувања на белите дробови и срцето. Но добрата вест е дека искусен кардиолог може брзо да постави дијагноза и да даде соодветни насоки за лекување. Вообичаена пракса во Клиника Жан Митрев е: земање анамнеза, комплетен ултрасонографски преглед на срце и крвни садови и крвна слика со Д-Диметри кои служат за исклучување на ВТЕ. Понекогаш се потребни и дополнителни тестови и испитувања како РТГ на белите дробови, КТ на белите дробови, Пулмоангиографија или МР на бели дробови. Во Клиника Жан Митрев сите овие видови испитувања се веднаш достапни, а искусната д-р Снежана Бонгард – специјалист кардиолог е достапна за прегледи и консултации на оваа и сите останати кардио теми.

Медицина

Д-р Снежана Бонгард
Спец. по интерна медицина / Супспец. по кардиологија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.