Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 7 вежби за намалување на напнатоста и стресот

7 вежби за намалување на напнатоста и стресот

Стресот е наш сопатник низ динамичното секојдневие. Активниот и брз начин на живот, исполнет со безброј обврски, проблеми и рокови, неизбежно со себе носи напнатост и вознемиреност. Стресот понекогаш има позитивна улога – нè мотивира, ни ја поттикнува креативноста и ни помага при учењето и стекнувањето нови способности. Но, многу често ја покажува лошата страна – ни создава неподнослива нервоза, паника и неспокојство кои влијаат негативно на физичкото и психичкото здравје. Хроничната тензија може да придонесе и за појава на болка во главата, вратот, стомакот или грбот.

Релаксирана жена

Пронаоѓањето на ефективни методи и вежби за релаксација е од клучно значење за постабилен и посреќен живот. Чувствувате дека стресот ви го нарушува балансот во животот? Обидете се да го минимизирате со следниве вежби за намалување на внатрешната напнатост.

Вежби со истегнување

  1. Истегнување на рамената. Поставете ги дланките врз рамената и додека вдишувате, подигајте ги лактите нагоре колку што можете повисоко. Во истото време протегнете ја главата наназад. Додека издишувате вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата неколкупати за да ја намалите тензијата во вратот, рамената и грбот.
  2. Посегнување кон ѕвездите. Станете и исправете го ‘рбетот. Истегнете ги рацете нагоре кон таванот колку што можете повеќе и максимално раширете ги прстите на рацете. За поголем ефект, вдишете длабоко додека се протегнувате, а издишете додека ги спуштате рацете надолу. Повторете ја вежбата околу 5 пати.
  3. Прегрнување на телото. Седнете на стабилен стол. Подигнете ги нозете така што петите да ви бидат поставени на работ на седиштето. Поставете ја вилицата помеѓу колената и со рацете прегрнете ги нозете. Прегрнувајте се силно десетина секунди и наеднаш опуштете ги мускулите. Повторете го тоа 5 пати. Со оваа вежба ќе ги релаксирате мускулите по целиот грб и рамената. Вежбата се препорачува да се прави и наутро, по лошо преспана ноќ, кога чувствувате вкочанетост во мускулите.
  4. Наведнување нанапред. Седнете на работ на стабилен стол. Наведнете се нанапред така што градите да ви се потпрат на колената, а главата и рацете да ви висат лабаво надолу. Дишете длабоко. Потоа, многу бавно подигајте го свитканиот грб нагоре и полека исправувајте се. Вратете се во првобитната положба и повторете ја вежбата уште 2 пати.

Вежби со дишење

  1. Рамномерно вдишување и издишување. Балансот е добар за телото. За почеток, вдишувајте додека бавно броите до 4 и издишувајте додека да изброите до 4. Потоа можете да броите до 6 или до 8. Истата вежба може да ви помогне да се опуштите в кревет кога се мачите да заспиете.
  2. Бавно вдишување – брзо издишување. Вдишете бавно и длабоко, а издишете брзо и силно наеднаш. Повторете го тоа 10 пати.
  3. Вдишување и издишување од различни ноздри. Седнете исправени и затворете ги очите. Со десниот палец затнете ја десната ноздра на носот и вдишете длабоко од левата ноздра. Со домалиот прст од десната рака затнете ја левата ноздра и издишете бавно од десната. Оваа вежба ќе ви помогне да се релаксирате, да се наполните со кислород и енергија. Не се препорачува да ја правите пред спиење, бидејќи ќе ве расони.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.