Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 8 храни кои го намалуваат стресот

8 храни кои го намалуваат стресот

Стресот е насекаде околу нас и колку и да се бориме да се заштитиме, нема човек кој не потпаднал под негово влијание. Сите знаеме дека тој влијае негативно врз здравјето и неретко е причинител на многу болести. Затоа, потребно е да ги знаеме сите начини на кои можеме да го елиминираме.

Ако често сте под стрес, наместо да посегнувате кон храни кои ќе му наштетат на вашето здравје и вашата линија, искористете ја храната во своја полза и направете го попаметниот избор. Еве кои храни ќе ви помогнат да го намалите нивото на стрес.

МлекоБоровинкиБадемиАвокадоПортокалРибаСпанаќОвес

Млеко

Освен витамини Б12 и Б2, млекото содржи и многу антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали што се асоцираат со стресот.

Млекото и млечните продукти релаксираат и даваат енергија. Тие се богати со протеини и калциум и го подобруваат здравјето на коските и мускулите. Калциумот може да делува како лек за анксиозност и помага за враќање на смиреноста, а исто така ја намалува и напнатоста во мускулите. Протеините од млекото пак помагаат за стабилизирање на крвниот притисок.

Постојат и докази дека една чаша млеко може да ги ублажи симптомите на ПМС како промена во расположението, раздразливост и анксиозност.

Боровинки

Во никој случај не ги избегнувајте боровинките ако сакате да водите здрав живот. Тие се богати со витамин Ц, кој што му помага на телото да се справи со стресот.

Боровинките содржат и многу растителни влакна кои го регулираат нивото на крвен притисок и ги ублажуваат грчевите и запекот што се појавуваат како резултат на стрес.

Дополнителен плус е тоа што се нискокалорични.

Бадеми

Вкусните бадеми се одличен сојузник во борбата против стресот. Тие содржат витамин Б2, витамин Е, магнезиум и цинк. Магнезиумот и витаминот Б2 го поттикнуваат создавањето на серотонин (хормонот на среќата), кој што го регулира расположението и го намалува стресот.

Познато е дека цинкот ги ублажува негативните ефекти на стресот, додека витаминот Е е супер антиоксиданс кој ги уништува слободните радикали поврзани со стресот и срцевите болести.

Ако не сте љубител на бадемите, заменете ги со ф’стаци или ореви. Тие помагаат за регулирање на ритамот на срцето и крвниот притисок.

Лошата страна на јаткастите плодови е што се висококалорични, па не претерувајте со нивното консумирање.

Авокадо

Авокадото е еден од најдобрите начини да го намалите крвниот притисок, затоа што содржи многу калиум. Всушност, половина авокадо содржи повеќе калиум, отколку една банана.

Во авокадото има и витамин Е и монозаситени масти, кои што одлично ќе се вклопат во вашите обиди да го намалите стресот.

Портокал

Стресот го намалува нивото на витамин Ц во телото, витамин кој што не се создава во организмот и кој што треба да го внесете преку исхраната. Витаминот Ц го подобрува имунитетот и го прави телото поотпорно во периоди на стрес. Исто така, побрзо го враќа во нормала нивото на хормонот на стресот – кортизол.

Кога сте под стрес, телото испушта повеќе слободни радикали од вообичаеното. Витаминот Ц помага да се одржува нивото на слободни радикали и ги ублажува оштетувањата на телото.

Риба

Лососот и другите мрсни риби, како харинга и скуша, се богати со омега-3 масни киселини, кои помагаат да се одржува нивото на кортизол и адреналин.

Омега-3 масните киселини се познати и по тоа што заштитуваат од срцеви заболувања.

Повеќето видови риба се богати и со витамини Б6 и Б12. Може да се каже дека витаминот Б12 е еден од најважните витамини за создавањето на серотонинот, супстанцијата на среќата. Недостатокот на витаминот Б12 може да доведе до депресија.

Практикувајте да консумирате риба два пати неделно и освен вашиот вид, ќе се подобри и вашето психичко здравје.

Спанаќ

Спанаќот е одличен извор на магнезиум, а токму овој минерал го намалува нивото на стрес и го одржува телото во релаксирана состојба.

Недостатокот на магнезиум води до појава на главоболка и замор, па ако не сакате да го чувствувате негативниот ефект од овие непријатни појави кои го зголемуваат нивото на стрес, внесете го спанаќот во вашето секојдневно мени.

Овес

Консумирањето на јаглехидрати го помага создавањето на серотонин и кога јаглехидратите се апсорбираат бавно, нивото на серотонин е стабилно.

Овесот е богат со растителни влакна, кои го забавуваат испуштањето на јаглехидратите. Токму тоа води до подолготрајно производство на серотонин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.