Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 18 совети за брзо намалување на стресот

18 совети за брзо намалување на стресот

Свесни сме дека стресот е голем непријател на здравјето и убавиот изглед, а сепак сите го прифаќаме во животот како нешто нормално и не се обидуваме да го минимизираме неговото штетно дејство.

Жена што слуша музикаСлушањето музика и пеењето се меѓу најдобрите начини за намалување на стресот

Вистината е дека ослободувањето од стресот може да е полесно и позабавно отколку што си мислиме. Постојат толку многу различни начини за намалување на напнатоста и вознемиреноста што секогаш може да пронајдете нешто кое вам ви одговара. Еве дел од најпознатите начини за намалување на непосакуваниот стрес:

  1. Визуализирајте. Затворете ги очите и замислете дека сте на место кое вие го сметате за рај на земјата. Замислете си дека трчате по зелена ливада боси, дека сте на егзотична плажа или дека сте во спалната на вашето дете и го гледате додека спие.
  2. Бројте до 10. Бројте бавно до 10 на сите јазици кои ги знаете или кои некогаш сте се обиделе да ги научите. Мозокот се фокусира на броењето, па кога ќе стигнете до 10 ќе бидете многу порелаксирани отколку кога сте започнале со броење.
  3. Прочитајте 5 страници од вашата омилена книга. Сите имаме барем по една книга која можеме да ја читаме повторно и повторно. Издвојте си десетина минути и прочитајте барем 5 страници од неа.
  4. Наспијте се. Проценето е дека секој четврти човек страда од стрес предизвикан основно од недостаток на сон. Истуширајте се со топла вода за да ги опуштите мускулите на телото и денес упатете се в кревет еден час порано од вообичаено.
  5. Расчистете го просторот околу вас. Ако просторот околу вас е пренатрупан, тоа дополнително придонесува за појавата на стрес. Расчистете го бирото и оставете го на него само она што ви е најнеопходно, подредете си ги книгите, спакувајте ги во куфери работите кои не ги користите и тргнете ги од видик. Кога сè е подредено, ќе се чувствувате позадоволни.
  6. Исцедете си природен сок од портокал. Исцедете два сочни портокали и додајте сок од половина лимон. Киселиот вкус, убавата арома и витаминот Ц заедно ќе се борат да ви донесат подобро расположение и помалку стрес. Истражувачите тврдат дека витаминот Ц може да им помогне на луѓето поефективно да се справат со стресните ситуации, затоа што тој може да го намали нивото на хормонот на стресот, кортизолот.
  7. Запејте на глас. Воопшто не е важно дали звучите фалш или го грешите текстот. Пуштете си ја омилената песна и запејте. Пеењето ќе ве направи посреќни, а освен тоа е полезно и за дишењето, па дури и за имунитетот.
  8. Релаксирајте се со класична музика или музика со убав текст. Ако сте обожавател на класична музика, пушете неколку композиции, но ако не успевате да уживате во неа, пушете песни со убав текст. Легнете, затворете ги очите и концентрирајте се само на музиката или на зборовите од текстот. Музичката терапија помага не само за релаксирање, туку и за намалување на болката.
  9. Посмејте се на глас на видеа од YouTube. Отворете видео кое секогаш ви изнудува голема насмевка. А потоа, гледајте неколку поврзани смешни видеа и смејте се на глас. Смеењето на глас делува навистина релаксирачки, а е и многу „заразно“. Па, ако има некој што ќе се смее заедно со вас, забавниот момент ќе потрае повеќе и вашето тело гарантирано ќе заборави на стресот и напнатоста.
  10. Поиграјте си со домашен миленик. Домашните миленици им носат голема радост на нивните сопственици. Потрчајте со вашето куче во дворот, галете го вашето маче десетина минути, зјапајте во аквариумот со риби.
  11. Лапнете гума за џвакање. Гумата за џвакање нема само да ви го освежи здивот. Според истражувањата, џвакањето на гума за џвакање го намалува стресот и вознемиреноста, а и ги подобрува менталните перформанси.
  12. Вдишете лаванда. Ставете си на зглобовите на рацете малку масло од лаванда и длабоко вдишувајте ја аромата. Познато е дека мирисот на лаванда го намалува нивото на кортизол. Длабокото дишење од своја страна придонесува за распространувањето на кислородот низ целото ваше тело и за смирување.
  13. Имајте секс. Кога сте под стрес, сигурно сексот е последното нешто што ви паѓа на ум. Но, токму сексот може да ја намали тензијата што ја чувствувате и да ви помогне да се ослободите од непријатниот стрес.
  14. Разговарајте со некого. Премолчувањето на проблемите и работите кои ве мачат ќе ви донесе уште поголем стрес. Кога сте напнати, поразговарајте со некој близок и веднаш ќе почувствувате како камен ви паѓа од душата. Не мора разговорот да го водите лично, па едноставно кренете го телефонот и побарајте некој што ви значи. Дури и да решите дека не сакате да зборувате за проблемите, со самото тоа што ќе го слушните гласот на некоја блиска личност ќе почувствувате огромно олеснување.
  15. Гушнете некого. Така не само што вие ќе си го намалите стресот, туку и ќе му го разубавите денот на некој друг. Не се поздравувајте со вашата пријателка со рутински бакнеж на образ, туку силно прегрнете ја, Не го испраќајте вашето дете на училиште само со рутинско „чао“, туку силно прегрнете го.
  16. Пролејте неколку солзи. Ако сте под огромен стрес и чувствувате голема напнатост, не се воздржувајте, осамотете се и пуштете ги солзите да потечат. Плачењето е многу корисно и е еден од најефикасните начини за ослободување од стресот.
  17. Направете си масажа. Со помош на врвовите на прстите масирајте ги слепоочниците и областа меѓу веѓите, над носот. Ставете тениско топче на кревет и легнете со грбот врз него. Поставете го на половината и мрдајте налево-надесно, а потоа турнете го и погоре на грбот.
  18. Бидете креативни. Најубавите уметнички дела биле создадени кога уметниците биле под дејство на силни емоции. Не мора да сте Пикасо за да нацртате слика или да сте Шекспир за да напишете неколку збора. Едноставно преточете ги силните чувства во ваше дело. Земете глина и формирајте скулптури, земете мониста и направете си ѓердан... има многу начини за да го исфрлите стресот од себе, а воедно и да ја покажете вашата креативност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19661 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.