Почетна » Новости » Животни стории » „Се чувствуваме благословено“: Родители сакале да имаат трето дете, добија четири бебенца одеднаш

„Се чувствуваме благословено“: Родители сакале да имаат трето дете, добија четири бебенца одеднаш

Семејството на Рејчел и Марко Варгас порасна за четири мали членови одеднаш.

Парот, кој посакувал да има трето дете, зачна не само едно, туку четири бебенца. Родителите од Род Ајленд изјавиле дека оплодувањето се случило по природен пат, без никакви третмани за оплодување.

Убавата вест дека очекуваат четворка Рејчел и Марко ја добиле уште на првиот преглед со ултразвук. „Таа ни рече: ‘Сега, има четири бебиња.’ Јас едноставно пребледев. Не знам. Мислам дека бев во шок“– изјавила мајката.

Медицински експерти велат дека веројатноста ова да се случи е 1 на 11 милиони случаи.

Семејство Варгас Семејство Варгас Семејство Варгас

Рејчел имала комплицирана бременост. Таа била задржана во болница уште од 23-тата гестациска недела.

Две од бебенцата делеле иста амнионска обвивка, што можело да доведе до компликации.

Едно бебе имало срцева маана, за која ќе биде потребна операција, додека две од бебенцата страдале од синдром на меѓублизначка трансфузија, кој се случува кога близнаци делат една плацента и има нерамномерен проток на крв меѓу нив.

Семејство Варгас

Рејчел се породила со царски рез на 24 јануари, кога била во 30-тата гестациска недела. Таа на свет донесе четири девојчиња кои ги добиле имињата Софија, Филомена, Вероника и Изабел.

„Од првиот ден знаевме дека постои веројатност да не преживеат сите бебенца“ – рекла мајката. „Сега имаме четири девојчиња пред нас... се чувствуваме поблагословено отколку што некогаш очекувавме дека ќе бидеме“.

„За мене тоа беше чиста радост. Се смеев под хируршката маска“ – рекол докторот Елиот, кој бил пресреќен што толку комплицирана бременост завршила одлично.

Семејство Варгас Семејство Варгас Семејство Варгас Семејство Варгас

Рејчел и Марко имаат уште две деца, на возраст од една и три години.

Семејство Варгас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.