Почетна » Новости » Истражувања » Бебињата опсипани со љубов се поспокојни кога ќе пораснат

Бебињата опсипани со љубов се поспокојни кога ќе пораснат

Вниманието, љубовта и грижата што родителите им ја пружат на своите бебиња има големо влијание врз нивното психичко здравје кога ќе пораснат.

Истражувачите дошле до заклучок дека бeбињата чиишто мајки ги опсипуваат со љубов и внимание, подобро се справуваат со стресот кога ќе пораснат.

Мајка со бебеБебињата што се опсипани со љубов од мајките, подобро се справуваат со стресот кога ќе пораснат

Научниците набљудувале мајки додека се грижат за своите бебиња, ги оценувале и ги категоризирале според приврзаноста. Секоја десетта мајка покажала ниско ниво на приврзаност, 85% покажале нормално ниво на приврзаност, а 6% – многу високо ниво на приврзаност.

Потоа, 482 бебиња биле набљудувани до просечна возраст од 34 години и бил оценуван начинот на којшто реагираат во различни стресни ситуации. Децата чиишто мајки им пружиле многу љубов и внимание, подобро се справувале со сите непријатни ситуации и со вознемиреноста, отколку децата кои добивале помалку љубов и внимание.

Досега се направени и други истражувања во оваа област, кои потврдиле дека приврзаноста на родителите со децата се асоцира со пониско ниво на депресија кај младите и повисока самодоверба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.