Почетна » Новости » Актуелно » Емотивен концерт „Засекогаш во срцата“ со песните на Тоше и ДНК со НУ Камерен Оркестар на Битола

Емотивен концерт „Засекогаш во срцата“ со песните на Тоше и ДНК со НУ Камерен Оркестар на Битола

НУ Камерен Оркестар на Битола ја започна својата годишна програма за 2025 година со емотивниот концерт „Засекогаш во срцата“, кој се одржа изминатава сабота (05.04). Овој концерт беше седми по ред и беше посветен на Тоше Проески и настраданите во трагичниот настан во Кочани, во организација на Центар за култура, НУ Камерен Оркестар на Битола, Центарот за култура Битола и Здружението Мјузик АРТ (Битолски Камерен Оркестар IWConnect). Првично закажан за 22.03.2025 година, концертот беше одложен поради несреќата и доби хуманитарен карактер, со дополнителна посвета на настраданите во трагедијата во Кочани, како и со донација на средствата од концертот на семејствата на трагично настраданите.

Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата

Концертот не само што ги потсети присутните на Тоше Проески, туку и испрати силна порака на солидарност и љубов за сите жртви на оваа трагедија. Песните на Тоше Проески, како и композициите од ДНК, ја исполнија вечерта со емоции и спомени. На концертот учествуваа бројни изведувачи, меѓу кои Андријана Јаневска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Бојан Стојков, Горан Наумовски, Ана Петановска, Јасна Димитровска, Мина Блажев, Марија Митровска, Ангела Илијовска, поп рок хорот БИТВОКС и тин ПОПРОКЕТ под водство на Марина Коруновска. Организатор и диригент на концертот, како и изминатите години, беше Владимир Димовски.

Еден од најемотивните моменти беше кога оркестарот ја изведе песната „За овој свет“, заедно со децата од Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“, центарот Порака од Битола и ОУ Тодор Ангелевски Битола. Оваа изведба носеше силна порака за човечноста и солидарноста меѓу нас.

Владимир Димовски го започна концертот со давање на почит преку едноминутен молк во знак на сеќавање на настраданите. Во своето обраќање, тој додаде: „Со песната За овој свет сакаме да пренесеме порака дека на овој свет сите сме подеднакво исти.“

Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата

Овој концерт го означи почетокот на годишната програма на НУ Камерен Оркестар на Битола, која вклучува бројни настани и концерти низ целата година. Следниот концерт ќе се одржи на 14.04.2025 година во Офицерски Дом во Битола, каде ќе настапи виолончелистот Антонио Илиоски, додавајќи уште една емоционална и музичка вредност на сезоната.

Концертот „Засекогаш во срцата“ беше музички настан, и израз на љубов, почит и сеќавање на оние кои ги изгубивме, со силна порака дека со сплотеност и емпатија, можеме да создадеме подобар и посветoл свет.

Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата Засекогаш во срцата

За повеќе информации за НУ Камерен Оркестар на Битола посетете ја нивната вебстрана - https://chamberorchestrabitola.com/ , или профилите на нивните социјални мрежи: Facebook и Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.