Таткото на Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ дочека значаен јубилеј.
Велко Тодевски го прослави својот 80-ти роденден на интимна вечера со најблиските и уживаше во прекрасната атмосфера.
Славните пејачки споделија неколку фотографии на социјалните мрежи за да го одбележат овој специјален ден за нивниот татко. „Дедо, да си ни здрав и жив“ – напишаа тие.
Велко е пензиониран професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност и токму затоа тортата беше со музичка тематика.



