Синоќа, во Холивуд премиерно беше прикажан филмот „Aquaman“ во кој главната машка улога ја има Џејсон Момоа.
39-годишниот актер на синиот тепих се појави со 51-годишната сопруга Лиса Бонет, двете деца Лола и Накоа-Волф и мајка си Кони.
Џејсон и Лиса, кои се заедно од 2005 година, изгледаа заљубено и среќно додека си разменуваа бакнеж пред фоторепортерите.
Популарната актерка носеше црн фустан со црвени реси од Александар МекКвин.
Откако заврши со фотографирањето, Момоа и неговите две деца зедоа учество во хака танц.
Видео
Момоа позираше и со колегите од филмот.