Џејсон Момоа, кој обожавателите на „Game of Thrones“ го знаат како Кал Дрого, присуствуваше на премиерата на својот најнов филмски проект „Justice League“ во Холивуд.
Згодниот актер ја доби поддршката од својата сопруга Лиса Бонет. Ова е прво појавување на холивудска свеченост на славните актери откако тајно стапија во брак минатиот месец.
38-годишниот актер и 49-годишната актерка се заедно 12 години.
На црвениот тепих, Бонет зачекори во црвена креација од Александар МекКвин, додека Момоа носеше костум од Валентино.
Лиса во 1993 година се разведе од Лени Кравиц, со кого има една ќерка, Зои Кравиц. Таа ја започна својата врска со Момоа во 2005 година. Заедно имаат две деца.
На премиерното прикажување на филмот, присуствуваа и Амбер Херд, Бен Афлек, Гал Гадот, Хенри Кавил, Езра Милер и Реј Фишер.