Џејсон Момоа и Лиса Бонет не се повеќе заедно. 42-годишниот актер и 54-годишната актерка споделија дека се разделуваат.
Тие беа заедно 16 години, а стапија во брак пред четири години. Заедно имаат две деца, Лола и Накоа-Волф.
Лиса е мајка и на Зои Кравиц, од бракот со Лени Кравиц.


Прочитајте ја нивната заедничка изјава:
Сите ние сме ги почувствувале притисоците и промените од овие трансформациски времиња. Се случува револуција и нашето семејство не е исклучено од тоа, чувствува и расте од овие сеизмички поместувања што се случуваат.
И така, ги споделуваме нашите семејни вести – дека се разведуваме.
Го споделуваме ова, не затоа што мислиме дека е вест вредна за објавување, туку за да го продолжиме нашиот живот достоинтвено и чесно.
Љубовта помеѓу нас продолжува, еволуира на начини на кои сака да живее.
Се ослободуваме еден со друг – за да бидеме она што учиме да станеме.
Нашата посветеност останува непоколеблива на овој свет живот и на нашите деца. Да ги учиме нашите деца што е возможно. Да живее молитвата и да преовладува љубовта.



