Амбер Херд со смел стајлинг зачекори на премиерата на „Aquaman“, новиот филм на DC Comics кој се очекува да биде огромен хит.
На синиот тепих во Лондон, 32-годишната актерка се појави во долг фустан и капа од колекцијата висока мода на Валентино за сезоната есен/зима 2018.
Иако стилскиот избор беше инспириран од ликот Мира, кој Амбер го глуми во филмот, многумина не го оценија позитивно.
На свеченоста присуствуваше и Џејсон Момоа кон кого веќе се слеваат многу позитивни критики за неговата изведба во улогата на Аквамен.