Џејсон Момоа ѝ приреди прекрасно изненадување на сопругата Лиса Бонет.
Момоа го подготвувал незаборавниот подарок 14 години. „Знам дека не можеме повторно да заживееме некој спомен, но можеби можеме да изградиме“ – вели Момоа.
Ѕвездата од „Aquaman“ со помош на тимот на „Divine 1 Custom“ комплетно го реновираше автомобилот Ford Mustang од 1965 година. Постојат само неколку автомобили од овој модел во светот, па поради тоа снабдувањето на потребните делови било огромен предизвик.
„Да сум на совозачкото седиште, со жена ми тука и да ја изненадам, а нашите деца да се назад. Да се возиме во автомобилот кој го имаше на 17 години. Со возбуда очекувам да ја видам нејзината реакција“ – вели тој во видеото.
ВИДЕО:
Џејсон и Лиса започнаа да се состануваат во 2005 година, а официјално стапија во брак во 2017. Тие се родители на две деца 13-годишната Лола и 11-годишниот Накоа-Волф.