Џејсон Момоа можеби изгледа груб и насилен во филмовите, но во реалноста, мускулестиот актер е нежен и забавен.
39-годишната ѕвезда од „Aquaman“ на забавен начин се шегува со паровите, кои се негови обожаватели, секојпат кога тие ќе побараат да се фотографираат со него. Џејсон им ги „краде“ девојките, сопругите и децата на мажите, кои добиваат „бокс“, „клоца“ или „силно туркање“.
Момоа започнал да се фотографира на овој начин откако негова обожавателка изразила желба да позира сама со него, но нејзиниот партнер не го сакал тоа. Резултатот брзо стана хит на социјалните мрежи.
Дека Џејсон е еден од најзабавните и најнежни актери, уверете се сами од неговите фотографии.
Актерот е во брак со 50-годишната Лиза Боне, со која имаат две мали деца.