Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шинејд О’Конор почина на 56 години, една година по самоубиството на 17-годишниот син

Шинејд О’Конор почина на 56 години, една година по самоубиството на 17-годишниот син

Почина Шинејд О’Конор. Познатата пејачка издиша за последен пат на 56-годишна возраст.

Веста за смртта на изведувачката на популарната песна „Nothing Compares 2 U“ одекна една година по самоубиството на нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Сè уште не се познати деталите и причината за смртта на ирската музичарка.

Шинејд О’Конор Шинејд О’Конор

„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашата сакана Шинејд. Нејзиното семејство и пријателите се скршени и побараа приватност во овој многу тежок момент“ – стои во соопштението.

На 17 јули Шинејд објави порака на Twitter за својот син. „Оттогаш живеам како немртво ноќно суштество. Тој беше љубовта на мојот живот, светилка на мојата душа. Бевме една душа поделена на две половинки. Тој беше единствената личност која ме сакаше безусловно. Без него сум изгубена“ – напиша таа.

Шинејд О’Конор

Шинејд долго време се соочуваше со ментални болести. Во 2018 година, таа ја промени својата вера и го прифати исламот како религија. Тогаш, го промени и своето име во Шухада Садакат.

Шинејд О’Конор Шинејд О’Конор

Во текот на својата кариера, Шинејд издаде 10 албуми.

Ирската музичка ѕвезда имаше четири деца од своите четири бракови.

Шинејд со четвртиот сопругШинејд со четвртиот сопруг Шинејд О’Конор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19751 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.