Часови откако одекна веста за смртта на пејачката Шинејд О’Конор, Пинк ги здружи гласовните способности со Бренди Карлајл и заедно ја отпеаја „Nothing Compares 2 U“.
Музичките ѕвезди го изведоа хитот од 90-тите години пред публиката во Синсинати, Охајо, и добија громогласен аплауз што ѝ оддадоа почит на популарната ирска пејачка, која почина на 56-годишна возраст.
Пред да ја започне изведбата, Пинк им кажа на фановите колку големо влијание на неа имала музиката на Шинејд.
„Кога бев мало девојче, правев мали касети и замислував дека е моја демо снимка за музичката куќа. Тоа секогаш беше или ‘Greatest Love Of All’од Витни Хјустон или ‘Nothing Compares 2 U’ од Шинејд О’Конор. Затоа, во чест на Шинејд и во чест на мојата многу талентирана пријателка Бренди, ја замолувам да дојде на сцената за да ја испее оваа песна со мене“ – рече таа.
Шинејд почина на 26 јули 2023 година.