Шинејд О’Конор ќе биде погребана во својот роден крај во Ирска.
Илјадници фанови се собраа да ѝ го кажат последното збогум на пејачката, која почина минатиот месец на 56-годишна возраст. Тие низ солзи го пееја хитот „Nothing Compares to U“ додека возило со нејзиниот ковчег поминуваше низ толпата луѓе. Потоа возилото запре пред нејзиниот поранешен дом додека од него се слушаше „Natural Mystic“ од Боб Марли.
Видеа
#SineadOConnor Screen record from #Sinead funeral #SineadOConnorRIP while her coffin stopped at the house she lived in Bray
— _sz (@_szayna) August 8, 2023
there is natural mystic blowin through the air.. If you listen carefully now you will hear..’ pic.twitter.com/8ywEyluksR
Waiting for #SineadOConnor rest in power pic.twitter.com/V30wsMDMCs
— Andrea Kelly (@AndreaKelly101) August 8, 2023
Фановите аплаудираа и го допираа возилото, бришејќи ги своите солзи.
Шинејд беше пронајдена мртва во нејзиниот дом на 26 јули. Таа почина една година по самоубиството на нејзиниот 17-годишен син Шејн и зад себе остави уште три други деца. Причините за смртта сè уште не се познати.