Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Потресно видео: Шинејд О’Конор низ солзи открива дека има самоубиствени мисли и дека семејството не се грижи за неа

Потресно видео: Шинејд О’Конор низ солзи открива дека има самоубиствени мисли и дека семејството не се грижи за неа

Шинејд О’Конор објави потресно видео кое ги загрижи нејзините фанови.

Во 12-минутниот видеозапис, славната пејачка низ солзи објаснува дека има самоубиствени мисли и открива дека нејзиното семејство не се грижи за неа, бидејќи страда од три психички болести.

ВИДЕО

Изведувачката на популарната песна „Nothing Compares 2 U“ веќе две години живеела сама во мотелска соба во Њу Џерси и немала никого покрај себе. „Апсолутно немам никого во мојот живот, освен мојот доктор, мојот психијатар, најмилиот човек на планетата, кој вели дека му сум херој, и тоа е единственото нешто кое ме одржува во живот... а тоа е патетично“ – вели таа.

„Одеднаш, сите луѓе кои би требало да те сакаат и да се грижат за тебе, те третираат како гомно“ – додава таа.

Шинејд

50-годишната музичарка изјавува дека се бори да остане жива секој ден, но не поради себе. „Ако беше до мене, досега ќе бев замината, право кај мајка ми, бидејќи чекорам на оваа Земја сама веќе околу две години како казна што сум ментално болна и што се разлутувам што никој не сака да се грижи за мене“ – вели таа.

„Зошто сме сами? Луѓето кои страдаат од ментална болест се најранливите луѓе на Земјата. Ние не можеме да се грижиме за себе. Вие треба да се грижите за нас. Ние не сме како сите други. Сакав да го снимам ова видео за сите вие да видете како е. Стигмата ги убива луѓето, а не е***** ментална болест“ – изјавува познатата пејачка.

Со видеото, О’Конор ги повикува сите оние кои имаат блиска личност која е ментално болна да се грижат за неа. „Ако имате член во семејството кој страда од ментална болест, грижете се за него. Посетувајте ги во болница. Не ги фрлајте во болница, а потоа да си заминете“ – вели таа.

Во мај 2016 година, Шинејд беше пријавена како исчезната, но подоцна беше пронајдена и вратена во болница. Сето тоа се случуваше откако таа се закани дека ќе се самоубие доколку не ѝ биде вратено старателството над најмалиот син Шејн, кој тогаш имаше 13 години.

Ирската музичка ѕвезда има четири деца од четирите свои бракови.

Шинејд со четвртиот сопругШинејд со четвртиот сопруг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19889 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.