Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт вчера беа фотографирани за првпат по нивната разделба во јули. 26-годишниот актер и неговата 22-годишна колешка од „Twilight“ биле видени заедно во бар во Лос Анџелес.
Популарниот пар бил заедно со десетина пријатели и меѓу нив немало никаква тензија додека уживале во пијалаците и се шегувале.
Роберт и Кристен се разделија откако таа призна дека го изневерила со женетиот режисер на филмот „Snow White and the Huntsman“, Руперт Сандерс.
Пред неколку недели се појавија гласини дека Роберт ѝ простил на Кристен е дека повторно се заедно. Но, многумина веруваат дека обновената врска на Роберт и Кристен е само PR стратегија, пред почнувањето на промотивните активности за „The Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2“.