Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Twilight со најмногу награди на MTV Movie Awards

Twilight со најмногу награди на MTV Movie Awards

Вчера вечерта во Лос Анџелес пред очите на милиони обожаватели на филмот беа доделени статуетките „Златни пуканки“. За време на двочасовната спектакуларна манифестација беа прогласени најдобрите во 12 категории.

Популарниот филм „The Twilight Saga: New Moon“ собра вкупно 5 награди на овогодишното доделување на MTV филмските награди. Новото продолжение на вампирската сага беше прогласено за најдобар филм на годината. Освен тоа, главните ликови освоија и одделни награди.

Роберт Патинсон ја освои наградата за најдобра машка улога и наградата за глобална суперѕвезда. Неговата колешка Кристен Стјуарт доби статуетка за најдобра женска улога. И нивната романса на филмското платно не остана ненаградена. Патинсон и Стјуарт ја примија и наградата за најдобар бакнеж.

Додека беа на сцената за да ја примат статуетката за најдобра бакнеж, Кристен и Роберт се обидоа да ја насмеат публиката со тоа што глумеа дека не знаат како треба да се бакнат.

Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт – видео

Феноменалната манифестација собра многу славни имиња на едно место. Особено интересна беше хумористичната изведба на Џенифер Лопез и Том Круз, кои се здружија за да ги покажат на сцена танцувачките способности.

Џенифер Лопез и Том Круз – видео

Еве ја целосната листа на победници:

Best movie: The Twilight Saga: New Moon

Best fight: Beyonce Knowles vs. Ali Larter, Obsessed

Best kiss: Kristen Stewart and Robert Pattinson, The Twilight Saga: New Moon

Best WTF moment: Ken Jeong, The Hangover

Best scared-as-s-**t Moment: Amanda Seyfried, Jennifer's Body

Best breakout star: Anna Kendrick, Up in the Air

Best female performance: Kristen Stewart, The Twilight Saga: New Moon

Best male performance: Robert Pattinson, The Twilight Saga: New Moon

Best global superstar: Robert Pattinson, The Twilight Saga: New Moon

Best villain: Tom Felton, Harry Potter and the Half-Blood Prince

Best biggest badass star: Rain, Ninja Assassin

Best comedic performance: Zach Galifianakis, The Hangover

MTV Generation Award: Sandra Bullock

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20798 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.