Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кристен јавно му се извини на Роберт Патинсон за неверството

Кристен јавно му се извини на Роберт Патинсон за неверството

Кристен Стјуарт со јавно извинување кон Роберт Патинсон се обидува да ја поправи штетата која ја направи со неверството. Денес беше објавено дека 22-годишната актерка имала кратка љубовна афера со женетиот режисер на филмот „Snow White and the Huntsman“, Руперт Сандерс.

Роберт и КристенРоберт и Кристен

„Длабоко жалам за болката и срамот што им ги нанесов на луѓето кои ми се блиски и сите оние кои се засегнати. Таа моментална индискреција го загрози најважното нешто во мојот живот, личноста која ја сакам и почитувам најмногу, Роб. Го сакам, го сакам, жал ми е“ – пишува „People“, цитирајќи го соопштението за јавноста на Кристен.

Списанието „Us Weekly“ ја обелодени аферата на ѕвездата од „Twilight“ и 41-годишниот режисер, кој е во брак со моделот Либерти Рос.

Кристен и РупертКристен и Руперт

Руперт Сандерс исто така упати јавно извинување до својата сопруга. „Целосно сум избезумен од болката која му ја предизвикав на моето семејство. Мојата убава сопруга и ангелските деца ми се сè што имам на овој свет. Ги сакам со целото мое срце. Се молам за да поминеме низ ова заедно“ – пишува Сандерс во своето соопштение.

Либерти и РупертЛиберти и Руперт

Кристен и Руперт се зближиле на снимањето на „Snow White and the Huntsman“, во кој исто така се појавува и Либерти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19683 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.